Македонската олимписка делегација предводена од знаменосците, Дејан Георгиевски (таеквондо) и Арбреша Реџепи (џудо), продефилира на свеченото отворање на Летните Олимписки игри во Токио.
Во нашата експедиција влегуваат и борачот Могамедгаџи Нуров, пливачите Филип Деркоски и Миа Блажевска-Еминова, атлетичарот Јован Стојоски, потоа Борјан Бранковски во стрелаштво и каратистката Јована Пулексенија.
Прв во арените ќе влезе Борјан Бранковски утре во 06.00 часот по наше време апоследен борачот Нуров на 6-ти август.