Македоснкиот олимписки комитет на посебна прес-конференција го претстави нашиот олимписки тим кој ќе настапи на ЗОИ во Кортина Милано од 6 до 22 февруари 2026 година. Македонската делегација ќе ја спчинуваат 4 спортисти по двајца во машка и
Женска конкуренција во алпско и нордиско скијање. Од МОК потенцираа дека нашите спортисти по добро одработените подготовки патуваат за Италија каде ќе настапат на овие ЗОИ и ќе се обидат да дадат се од себе за добро преставување на Македонија , но и нивно најдобро претставување во своите дисциплини.

По ПјонгЧанг 2018 и Пекинг 2022, ова е трета Олимпијада за нордиецот Ставре Јада.
Со Топ 5 пласман на Балканскиот куп, тој е нашиот најстандарден репрезентативец во крос-кантри натпреварите. Ставре Јада е најскусниот натпрерварувач од оние кои ќе настапат на овие ЗОИ од Македонија.
Дисциплини во Милано Кортина:
-Спринт
-Интервал старт 10 км
По дебито во Пекинг 2022, Ана Цветановска се враќа на олимписката сцена уште посилно. Таа беше нашата единствена претставничка на Светското првенство во Трондхејм и ја потврди формата со 5-то место на силниот Балкански куп.
Дисциплини во Милано Кортина:
-Спринт
-Интервал старт 10 км
Младата надеж која поставува нови стандарди во македонското скијање е Јана Атанасовска која го држи рекордот за најдобар остварен резултат во историја на македонското алпско скијање во женска категорија со освоени 30.56 ФИС точки.
Со злато на FIS Weinebene и три старта на Светскиот Куп, таа е подготвена за својот олимписки блесок.
Дисциплини во Милано Кортина:
-Слалом
-Велеслалом
Виктор Петков е нашиот натпреварувач кој ќе настапува во алпските дисциплини, со неговата младост и потенцијал успеа да избори норма за настап на овие ЗОИ, а негова специјалност е велеслаломот на која трка ќе настапи, додека за настап во слалом ќе мора да почека дали ќе влезе во квотата за настап на оваа трка.
Дисциплини во Милано Кортина:
-Велеслалом
-Слалом
Претседателот на МОК, Даниел Димевски пред заминувањето на нашата делегација на ЗОИ во Кортина Милано истакна дека досега Македонија немала 4 натпреварувачи на зимска олимпијада и дека очекува овие спортисти да дадат максимум и да ги постигнат своите најдобри резултати, а за нивните подготовки се погрижиле од МОК и Скијачката федерација на Македонија.
МОК на нашата делегација ќе и даде целосна логистика, а се да биде како што треба ќе се погрижи шефот на делегација Цветанка Макаровска која ќе ја предводи нашата олимписка делегација со својот заменик Петар Спасеновски.

