Вчера во Скопје беше одржано Државното првенство за сениори-ки во борби и кати. Според постигнатите резултати, каратистите на скопски Макпетрол не дозволија никакво изненадување и повторно во подолг временски период според освоените медали се најуспешен клуб на домашната сцена.
Макпетрол успеа да освои вкупно 14 медали, од кои 5 златни, 5 сребрени и 4 брозени.
Државни прваци станаа:
1.Марија Петровска -50 кг
2.Анѓела Мојсовска -68 кг
3.Петар Заборски -75кг
4.Петар Спасеновски -84 кг
- Екипно борби мажи златен медал состав ( Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски, Дарјан Тасевски)