Ветеранот во фудбалската селекција на Аргентина, Хавиер Маскерано, по вчерашниот пораз во 1 /8 финалето од Франција (4:3) и елиминацијата од Мундијалот во Русија, најави, дека ќе се повлече од селекцијата.
Искусниот фудбалер одигра вкупно 147 натпревари за „гаучосите“ со што стана рекордер по бројот на нстапи во репрезентативениот дрес. Маскерано кој во еден период играше заедно со Меси во Барселона, потенцирал, дека најголемата фудбалска ѕвезда во неговата селекција треба да остане и понатаму и да ги брани боите на Аргентина.
„Во ниту една земја нема таков притисок како во Аргентина и мислам дека Меси добро се справува со тоа. Дури кога ќе го нема, сите ќе разбереме колку е всушност добар“ – вели изјави Максерано.