Поранешниот голман на Зенит, Вјачеслав Малафеев, пред денешниот меч со Јувентус во Лигата на фудбалските шампиони го коментираше досегашниот ефект на тимот од Санкт Петербург .
„За Зенит е многу значајно да ги освои трите бода, но, нема да биде лесно. Тимот изгледа добро во Лигата на шампионите, но, Јувентус е домаќин. Противниците во групата се на високо нив“ – потенцираше Малафеев.
„Во тимот се гледа раката на тренерот. Трите меча одиграни на високо ниво во Лигата на шампионите не се случајност. Мислам дека Зенит ја игра најдобрата сезона во ЛШ“ – изјави Малафеев пред мечот закажан од 21.00 часот на Алијанц – Арена во Торино.

