Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, по вчерашното реми на „Сан Сиро“ со Удинезе, вели дека гостите изедначиле од некоректна ситуација бидејќи стрелецот на голот, Удоџи, играл со рака.
„ВАР е тука за да не се сомневаме. Тоа не е начин на кој треба да се користи а не е ниту прв пат. Јасно е дека имаше игра со рака. Милан е на врвот на табелата и не може постојано да му судат дебитанти кои прават грешки“ – вели Малдини.
„Росонерите“ се лидери на табелата со два бода повеќе од Интер кој има натпревар помалку.