Челниците на фудбалскиот состав Милан соочени со најлошиот период во последниве 80 години на резултатски план, планираат да направат големи рокади во сите сегменти а не само на тренерската позиција.
„Ла Газета дело Спорт“ објави дека газдите на клубот од инвестицискиот фонд – „Елиот“, размислуваат за откази на директорите – Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Двајцата во текот на летото ги преземаа директорските функции, но, очигледно нивните потези пред се околу ангажираните засилувања не ги донесоа посакуваните резултати.
Гордон Сингер, човекот кој го води Елиот Менаџмент по мечот со Фиорентина покажал незадоволство посебно од играта на фудбалерите што ги ангажирале Малдини и Бобан.