Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара, ќе останат на своите позиции најмалку до 2025 година.
Договорите на двајцата директори истекуваа на крајот на овој месец, но нивното обновување беше одложено поради промената на сопственоста на Милан.
Во Италија се шпекулираше дека особено Паоло Малдини не бил задоволен од амбициите на новите сопственици кои не сакаар да вложуваат премногу пари на трансфер пазарот, но сепак меѓу страните имало разбирање за новите договори.
Се очекува ова вест да ја засили работата на Милан на трансфер пазарот, каде единствена вест засега е доаѓањето на Дивок Ориги како слободен играч.

