Откако Барселона потврди дека е заинтересирана за фудбалерот на Милан, Френк Кеси, се огласи директорот на „росонерите“, Паоло Малдини. Тој за италијанските медиуми вели дека таа информација не е изненадување.
„Нормално е Барселона да го сака Кеси. Нашата позиција е јасна. Ние нема да го промениме ставот“ – вели Малдини кој ќе се обиде по секоја цена да го убеди напаѓачот да остане на „Сан Сиро“.
Медиумите предвидуваат дека Кеси веројатно ќе се пресели во Шпанија бидејќи упорно одбива да ја продолжи соработката со италијанскиот состав.