Манчестер Јунајтед ја забележа и четвртата победи по ред на летната турнеја откако го совлада Тотенхем со 2 спрема 1 на стадионот „Хонкоу“ во Шангај, но, остана без Ерик Баји кој заработи потешка повреда.
Дефанзивниот фудбалер влезе на местото на Смолинг во второто полувреме но, по само 10 минути принудно излезе. Репрезентативецот на БС Коска откако го свитка коленото во обидот да спречи шут на напаѓачот на Тотенхем, мораше со патерици да го напушти теренот.
„Не изгледа добро. Проблем е коленото. Ќе направиме тестови па ќе видише за што се работи“, изјави тренерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер веднаш по мечот.

