Лоренцо Пелегрини кој во декември пропушти 5 мечеви на „Рома повторно заработи повреда и ќе мора да паузира најмалку два меча.
Капитенот на „римската волчица“требаше да игра вчера против Калјари, но, се повреди на загревањето и беше избришан од пријавата. Пелегрини ќе ги пропушти натпреварите со Лече за Купот на Италија и со Емполи во Серија „А“.
Неговото учество на мечот со Џенова во Серија А на 6 февруари останува под знак прашалник.

