Репрезентативецот на Белгија, Тимоти Кастањ, кој заработи ужасна повреда на лицето по бруталниот судир со Русинот, Кузјаев, го заврши настапот на Европското првенство. Тоа го потврди селекторот на Белгијците, Роберто Мартинез.
„За жал, Кастањ има двојна фрактура на лицето и ќе го пропушти остатокот од Европското првенство . Мение го зазема неговото место и беше фантастичен. Тешко е да играте на прв меч посебно кога влегувате од клупа“ – изјави Мартинез и се осврна на немилиот настан со Ериксен.
„ Го следевме натпреварот, имаше многу солзи во соблекувалната, огромна тага. Има соиграчи во нашиот тим и луѓе со кои има поделено незаборавни моменти. Среќа што добивме добри вести подоцна. Тука беше многу тешко, не можам ни да замислам колку тешко било во Копенхаген, – изјави Мартинез.