Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, веројатно ќе остане во клубот откако понудата на Ал Хилал е одбиена, велат денешните информации од Италија.
Иако се очекуваше сумата за неговиот потпис да изнесува околу 180 милиони евра, Арапите понудиле многу помалку или околу 100 милиони што не ги задоволува барањата на италијанскиот шампион.
Актуелниот договор на нигерискиот напаѓач истекува во 2025 година. Наполи сака да го продолжи за уште најмалку две сезони и затоа планира да му ја зголеми платата.

