Фудбалерот за врска на украинската репрезентација, Руслан Малиновски, вели дека неговата селекција треба да биде максимално фокусирана за да може да ја елиминира Англија во четврт-финалето на Евро 2020.
„Притисокот е врз противникот. Треба да го искористиме тоа. Научивме лекција од натпреварот со Шведска и сега сме посамоуверени. Не можеме да си дозволиме да направиме грешки против Англија“ – вели Малиновски.
„Кога сме во улога на аутсајдер, тоа само нè мотивира уште повеќе. Сакаме да не потценуваат. Англија има многу sвезди – Кејн, Стирлинг и други. Ние ги знаеме силните страни на противникот и свесни сме дека мора да играме многу компактно “ – вели играчот на Аталанта.

