Фудбалерот од средниот ред на Џенова, Руслан Малиновски, имаше успешна операција откако заработи фрактура на потколеницата на викенд – натпреварот против Венеција во Серија „А“ .
Тој беше заменет по пет минути игра во вториот дел и изнесен на носилки од теренот. Веста за операцијата ја потврдија и од италијанскиот клуб.
„Фудбалерот Руслан Малиновски кој доби повреда на десниот скочен зглоб на мечот со Венеција беше опериран во клиниката во Удине“ – се вели во соопштението од Џенова.

