Бразилскиот фудбалер Малком побарал од неговите агенти да издејствуваат да си замине од редовите на Барселона иако таму пристигна во текот на летниот трансфер период.
Според шпанските медиуми, тоа потполно им одговара на челниците на тимот кои ќе се обидат да вратат дел од парите вложени за ангажманот на Малком кој очигледно не се адаптираше на условите на „Kамп Ноу“.
Познато е дека за неговите услуги е заинтересиран составот на Интер кој поради проблемите со финансискиот фер-плеј има опција да го земе само на позајмица со можност за трансфер на крајот од сезоната.