Бразилецот Малколм очигледно нема иднина во Барселона и ќе биде продаден во текот на летото. Весникот „Мундо Депортиво“ открива дека каталонскиот клуб веќе одлучил која цена може да ги задоволи за да биде продаден поранешниот фудбалер на Бордо. Износот е 50 милиони евра.
Најсериозен интерес за Малком доаѓа од Англија. Меѓу тимовите кои се подготвени да конкурираат за него по крајот на сезоната се Арсенал, Тотенхем и Ливерпул. Интер, исто така, не се откажа од својата намера да ги привлече 22 годишниит фудбалер.
Малком дојде во Барса за 41 милион евра, а беше донесен во последен момент пред тоа да го стори Рома. Иако Бразилецот не успеа да се адаптира во клубот, од Барселона веруваат дека може да го продадат и да заработат на овој трансфер.
Агентот на играчот ги негираше преговорите со другите клубови, но тие секако треба допрва да почнат. Од почетокот на сезоната Малком има одиграно само 8 натпревари во „Ла Лига“ и не постигнал гол. Тој има 1 гол во Лигата на шампионите и 2 во Купот на Кралот.