Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Малкумина знаат: Тоше Проески ја отпеа химната на Плазма Спортските игри за млади
    Домашен микс

    Малкумина знаат: Тоше Проески ја отпеа химната на Плазма Спортските игри за млади

    risteBy riste29/06/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пред почетокот на Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади кое е закажано за 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот во Општина Кисела Вода би сакале да споделиме еден важен податок.

    И по речиси две децении од неговото заминување, продолжуваме да откриваме приказни кои сведочат за големината на Тоше Проески како уметник и човек. Една од нив е и неговото учество во создавањето на официјалната химна на Плазма Спортските игри за млади, најголемата аматерска спортска манифестација во Европа која ја првпат оваа година се одржува во Македонија.

    Станува збор за песната „ Snaga Života“, која Тоше ја изведува заедно со некои од најголемите музички имиња од регионот – Нина Бадриќ, Оливер Драгојевиќ, Петар Грашо, Борис Новковиќ, Даниела Мартиновиќ, Теди Спалато и уште неколку познати хрватски изведувачи.

    За песната неодамна беше објавен и видеоспот, составен од архивски снимки од Спортските игри за млади и кадри од снимањето на вокалите. Во него е вклучен и емотивен момент со Тоше, преземен од промоцијата на неговиот легендарен албум „Игри без граници“, што на спотот му дава дополнителна тежина и симболика.

    Пред рефренот токму Тоше го изведува стихот:

    „Мал чекор се топи во снегот, силата на животот го затвора кругот.“

    Учеството на Тоше во овој проект воопшто не е случајно. Во текот на својата кариера тој секогаш се одѕивуваше на хуманитарни и општествено одговорни иницијативи. Зад себе остави песни кои носеа силни пораки, како „Сите сме нивни деца“, темата на УНИЦЕФ „This World“, „Password“, „Македонија навива за вас“.

    Химната на СИМ совршено се вклопува во таа низа. Тоа не е само химна на едно спортско натпреварување, туку песна која ги слави младоста, спортот, пријателството, фер-плејот и вербата во подобро утре. Со својата топла мелодија и инспиративен текст таа ги мотивира младите да веруваат во себе, да се поддржуваат меѓусебно и да ги негуваат вистинските животни вредности.

    Токму затоа е толку симболично што дел од оваа приказна е и Тоше Проески – човекот кој и денес останува симбол на хуманоста, љубовта и заедништвото. Неговото присуство во оваа химна е уште еден потсетник дека вистинските вредности никогаш не избледуваат, а неговиот глас продолжува да обединува генерации, исто како што тоа го правеше и додека беше меѓу нас. За потсетување, победниците од Државното првенство ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Плазма Спортските игри за млади, кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.