Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Флорен Малуда, ќе мора да ја одлежи казната поради настапот за селекцијата на Француска Гвајана на турнирот „Златен куп“ во летото во 2017 година.
Арбитражниот суд во Лозана ја одби жалбата на 37-годишниот Малуда кој настапи на мечот меѓу Гвајана и Хондурас одигран на 11 јули во 2017 година во Хјустон, Тексас иако немал право да игра бидејќи претходно ги бранеше боите на Франција.
Малуда на 80 натпревари за „триколорите“ постигна 9 голови. Црномурестиот играч е роден на 13 јуни 1980 година во Кајен, Француска Гвајана.
