Голманот на грузиската репрезентација, Георги Мамардашвили се договорил со Ливерпул за 6-годишен договор, пренесуваат извори блиски до „црвените“.
Голманот на Валенсија, наводно, постигнал согласност за условите од договорот со Ливерпул со кој ќе потпише договор кој ќе важи до 2030 година.
Ливерпул ги продолжува преговорите со Валенсија за трансферот, откако беше објавено дека „црвените“ им понудиле на Шпанците 30 милиони евра и уште 5 милиони бонуси.

