Ракометниот состав Еурофарм Пелистер го доведе првото засилување за продолжението на сезоната. Тоа е поранешниот репрезентативец, Дејан Манасков.
„Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим сочинуван од најдобрите македонски ракометари и елитни странци. 31-годишниот Манасков поникна во Металург, ги носеше дресовите на Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, а со македонската репрезентација беше дел од сите успеси во последната една деценија“ – се вели во соопштението на клубот од Битола.
Дејан Манасков неколку пати играше на завршниот турнир на Лигата на шампионите во дресот на Веспрем. Тој има многу индивидуални награди а ја освојуваше и СЕХА лигата