Вечерва во 21:00 часот се игра реваншот помеѓу Манчестер Сити и Борусија (Менхенгладбах). Како и првиот натпревар, и денес мечот ќе се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта поради мерките против КОВИД-19.
На првиот натпревар, во кој Германците беа домаќини, „Граѓаните“ победија со 2:0 и ова е одличен резултат за Сити. Англискиот тим верува дека ќе го заврши тоа што го започна, но сепак мора да има предвид една работа, бидејќи играчите на Марко Роуз не се за потценување и се способни да им ги измешаат сметките.
Сепак, Манчестер Сити останува голем фаворит. Постојат неколку причини за ова. Прво заради добриот резултат постигнат на првиот натпревар. Потоа заради подобриот состав, и на карјот поради статистиката меѓу двата тима, што покажува дека Борусија се уште нема победа на претходните 5 натпревари помеѓу двата тима – 4 победи и 1 нерешен резултат за „граѓаните“.
Покрај тоа, Борусија е во ужасна форма во последно време. Тимот забележа низа слаби резултати во Бундеслигата и назадуваше на табелата. Тие се во серија од 8 натпревари без победа, од кои 7 беа порази.
Во исто време, Манчестер Сити е во одлична форма, избраниците на Гвардиола самоуверено одат кон титулата во Премиерлигата, каде водат со 14 поени разлика во однос на Манчестер Јунајтед. Така, „Граѓаните“ можат да си дозволат да посветат поголемо внимание на Лигата на шампионите, каде немаат помалку амбиции.
Англичаните немаат посебни проблеми со нивниот состав. Рахим Стерлинг, Кевин Де Бруин, Ријад Марез и Илкај Гундоган добија пауза за време на викендот, но се очекува да се вратат во составот денес.
Две важни фигури ќе отсуствуваат кај гостите. Станува збор за Рами Бенсебани и Кристоф Крамер, кои се повредени. Нивната состојба се подобруваше последните денови, но Роуз веројатно нема да ризикува да бидат вклучена во игра.
Веројатни состави:
Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Дијаз, Стоунс, Зинченко, Фернандињо, Гундоган, Де Бруин, Марез, Жесус и Стирлинг.
Борусија М.: Зомер, Лајнер, Гинтер, Елведи, Вендт, Нојхаус, Закарија, Хофман, Штиндел, Турам, Плеа
Стадион: „Пушкаш Арена“ – Будимпешта
Судија: Сергеј Карацев (Русија)

