Раководството на Манчестер Јунајтед се повеќе ја разгледува можноста да се раздели со Пол Погба во јануари. Клубот веќе најави дека очекува понуди за Французинот и секоја ќе биде разгледана многу внимателно.
„Црвените ѓаволи“ се чини се помириле со тоа што не можат да го убедат играчот да потпише нов договор, а актуелниот му истекува на лето. Па Затоа и ќе настојуваат да го продадат оваа зима и да земат барем извесна сума за него, наместо да го остават да замине како слободен играч на крајот на сезоната.

