Манчестер Јунајтед е многу блиску до потпис со Брајан Мбемо од екипата на Брентфорд. Според ЕСПН, главните детали од договорот веќе се договорени.
Преговорите во моментов се фокусирани на дополнителни услови и структура на плаќање. Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 60 милиони фунти, а дополнителните трошоци го доближуваат договорот до 65 милиони фунти.
Извори од клубот изјавија дека разговорите „напредуваат позитивно“ и дека клубот е сè поуверен дека може да се постигне договор.

