Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ја откри алтернативата на неговиот клуб доколку во следниот преоден рок не успее да го ангажира Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Џејдон Санчо, но Борусија Дортмунд во неколку наврати кажа дека пандемијата на Ковид-19 и тешката финансиска состојба нема да ги натера да ја намалат бараната цена од околу 100 милиони фунти за нивната британска ѕвезда. Јунајтед исто така започна да бара алтернативи и се сврте кон Осман Дембеле од Барселона.
Францускиот крилен играч дојде од Дортмунд во шпанскиот гигант, но никогаш не успеа да го открие својот потенцијал на „Камп Ноу“. Пред неколку дена имаше информација дека управата на Барса одлучи да се раздели со Дембеле, доколку се појави таква можност. Јувентус и ПСЖ исто така покажаа интерес за Дембеле.