Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница го потврди потписот на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. 36-годишниот Португалец потпиша двегодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност за продолжување на уште една сезона.
Кристијано играше за Манчестер Јунајтед во периодот од 2003 до 2009 година, откако се пресели таму од Спортинг, во кој ја започна својата кариера.
@Cristiano is back!#MUFC | #RonaldoReturns
— Manchester United (@ManUtd) August 31, 2021