Раководството на Манчестер Јунајтед успеа да ја финализира зделката за добивање на мароканскиот интернационалец Софијан Амрабат од тимот на Фиорентина. Во последните минути од летниот преоден рок, Амрабат беше официјално претставен како ново засилување на веб-страницата на англискиот клуб.
Мароканецот ќе игра на „Олд Трафорд“ како позајмен до јуни 2024 година.
„За мене е голема чест што станав играч на Манчестер Јунајтед. Морав да бидам трпелив за овој момент, но јас сум човек кој секогаш го слуша моето срце и веќе можам да кажам дека го претставувам клубот од соништата“, изјави Амрабат.

