Аргентинскиот централен бек, Лисандро Мартинез ќе биде ново засилување за Манчестер Јунајтед. Долгата средба која преставниците на Манчестер Ј. ја имале со Ајакс, е затворена со договор вреден повеќе од 50 милиони евра.
Конечните разговори ќе се одржат утре, бидејќи Манчестер Јунајтед се надева дека ќе го запечати договорот во следните 48 часа. Лисандро сега ги договорил личните услови од соработката со „ѓаволите“, а раководните лица на Манчестер Јунајтед се вратија во Англија со цел да добијат конечно одобрение за условите за плаќање на трансферот.