Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“ го играат реванш осминафиналето во Лигата на шампионите, што е сосема непредвидливо. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши 1:1, иако Атлетико имаше предност. Резервниот гол Ентони Еланга им го донесе вредното реми на „црвените ѓаволи“, кои за конечниот успех ќе сметаат на поддршката од публиката на „Олд Трафорд“.
Фактот дека гол на гостински терен не дава предност е предуслов да се види многу внимателен пристап на двете екипи. И Манчестер Јунајтед и Атлетико имаат сериозни дефанзивни проблеми од почетокот на сезоната и тешко дека ќе ризикуваат да нападнат уште од самиот почеток. Хари Мегваер постојано е критикуван, но од него зависи многу одбраната на англискиот тим. Мадриѓаните немаат речиси никаков натпревар без примен гол од почетокот на сезоната и Диего Симеоне никогаш не успева да ги реши проблемите во одбраната.
Во текот на викендот, Манчестер Јунајтед оствари многу важна победа со 3:2 над Тотенхем и ги задржа надежите за пласман во топ 4 во Премиер лигата. Кристијано Роналдо беше големиот херој со хет-трик, кој покажа дека неговиот тим се уште зависи од Португалецот. Вечерва сите очи повторно ќе бидат вперени во Кристијано Роналдо и тоа со добра причина. Атлетико дпсега има примено 25 гола од Роналдо додека настапуваше за Реал Мадрид и Јувентус, а токму Атлетико Мадрид му е омилена жртва на Роналдо.
Бруно Фернандеш ги продолжи тренинзите и вечерва ќе биде стартер. Скот Мектомини исто така се опорави од повредата и ќе стартува покрај Фред во средниот ред. Лев бек ќе биде Лук Шоу, кој ги пропушти натпреварите против Манчестер Сити и Тотенхем поради позитивен тест за коронавирус. Џејдон Санчо е во подобра форма и ќе игра на десното крило, а на офанзивното трио зад Кристијано Роналдо ќе им се придружи Пол Погба кој денес слави роденден.
Атлетико е во серија од 4 последователни победи во Ла Лига, но тимот на Чоло Симеоне не може да биде сигурен за неговото место меѓу четирите најдобри во ЛА Лига. Против Кадиз во текот на викендот, Атлетико победи со 2:1 без многу спектакуларна игра. Мадриѓаните во 5 од последните 8 сезони стигнаа барем до четвртфиналето на Лигата на шампионите, а пред една година беа елиминирани во осминафиналето против друг тим од Англија – Челзи, кој потоа го крена трофејот.
Симеоне нема да може да смета на повредените Јаник Фереира-Караско, Тома Лемар, Матеус Куња, Шиме Варсаљко и Даниел Вас. Неизвесни беа Марио Хермосо, Џефри Кондогбија и Хозе Хименез, но беа вклучени во групата за натпреварот. Капитенот Коке ќе биде партнер на средината на теренот со Родриго Де Пол и Хектор Ерера, а на првите позиции во нападот ќе бидат Жоао Феликс и Анхел Кореа ќе добијат шанса пред Луис Суарез и Антоан Гризман.
Судија на натпреварот вечерва ќе биде Словенецот Славко Винчиќ.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АТЛЕТИКО МАДРИД (1:1 во првиот натпревар)
Веројатни состави:
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (4-2-3-1): Де Геа; Далот, Варан, Мегваер, Л.Шоу; Фред, Мектомини; Санчо, Б.Фернандеш, Погба; К. Роналдо.
АТЛЕТИКO МАДРИД (3-5-2): Облак; Савиќ, Фелипе, Реинилдо; Љоренте, Де Пол, Коке, Е.Херера, Р.Лоди; Феликс, Кореа
СУДИЈА: С. Винчиќ (Словенија)
СТАДИОН: Олд Трафорд