Манчестер Јунајтед ја откажа традиционалната гала вечера за крајот на сезоната, пренесува Мирор.
Според изворот, фудбалерите на Манчестер Јунајтед лично побарале од управата на клубот да ја откаже гала вечерата поради лошата сезона. Во моментов Манчестер Јунајтед е на шестото место во поредокот на премиерлигашката табела и таму ќе заврши оваа сезона.