Манчестер Јунајтед веќе има опција како замена за ветеранот Луис Антонио Валенсија ој најверојатно ќе замине од клубот ова лето.
Според британското издание „Телеграф” тимот сака да го привлече Тома Муние од ПСЖ кој не е меѓу стартерите на тимот, односно не е во плановите на Томас Тухел кој го користи повеќе како резерва. Неговиот договор со ПСЖ е до летото следната година и се претпоставува дека за 35 милиони евра Манчестер Јунајтед ќе може да го доведе во своите редови, но е исто така сосема веројатно дека од ПСЖ нема да отстапат од оваа сума и да го продадат за пониска сума.
Белгискиот десен бек оваа сезона има одиграно 29 натпревари во сите натпреварувања за тимот, постигна 5 гола и 1 асистенција.
Toј игра во тимот од 2016 година, кога премина во редовите на ПСЖ од составот на белгискиот Бриж. Муние е репрезентативец на Белгија и има 30 натпревари и 6 гола за својата земја.