Манчестер Јунајтед е уверен во потпишувањето на договор со играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо , пренесува весникот „Мирор“.
Според изворот, од Манчестер Јунајтед се подготвени да го надминат својот трансфер рекорд и да платат 140 милиони евра за овој играч со што ќе го победат Челзи во обидот да го донесе овој фудбалер. Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард веќе јасно стави до знаење дека клубот е подготвен сериозно да троши пари во текот на летото и да го засили составот.
Исто така, се појави информација дека од приходите од продажба на играчот од средниот ред Пол Погба, Манчестер Јунајтед е подготвен да го купи Џек Грилиш од Астон Вила и Џејмс Мејдисон од Лестер Сити.
Оваа сезона Џејдон Санчо учествуваше на 19 натпревари од германскиот шампионат. Англискиот репрезентативец постигна 12 гола и имаше 13 асистенции.

