Манчестер јунајтед ризикува да загуби голема сума според договорот со неговиот технички спонзор за следната сезона – АДИДАС.
Според пишувањата на медиумите во Манчестер, договорот меѓу двете страни предвидувал клаузула според која германската компанија би ја намалила исплатата за 30 %, доколку „црвените ѓаволи“ не успеат да влезат во групната фаза од Лигата на шампионите две последователни сезони.
Оваа состојба може да стапи на сила следното лето, затоа што во последната сезона екипата заврши на шестото место во англиската Премиер лига и не учествува во Лигата на шампионите оваа сезона. Според условите на тековниот договор, Адидас треба да му плаќа на Манчестер Јунајтед 75 милиони фунти годишно (скоро 85 милиони евра).
Доколку Манчестер Јунајтед не влезат повторно во Лигата на шампионите, сумата ќе се намали на 52,5 милиони фунти (59 милиони евра).