Манчестер Јунајтед соопшти дека 37-годишниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо го напушта клубот од Премиер лигата. Договорот на Роналдо е раскинат. Во соопштението на клубот се вели:
„Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед со меѓусебен договор, со моментален ефект. Клубот му се заблагодарува за неговиот огромен придонес во двата периоди на Олд Трафорд, постигнувајќи 145 гола во 346 натпревари, и му посакува на него и на неговото семејство се најдобро во иднина. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и да работат заедно за да постигнеме успех на теренот.“