Централниот дефанзивец на Барселона, Роналд Араухо може да ја промени клупската средина ова лето. Се погласни се озборувањата дека за него сериозно е заинтересиран Манчестер Ј.
25-годишниот фудбалер наводно веќе ја има и првата понуда од „црвените ѓаволи“. Се зборува дека англискиот клуб е подготвен да ја удвои платата на играчот во случај на негов трансфер во тимот.
Претходно имаше информации дека Уругваецот одбил да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, а самиот дефанзивец не сака да зборува за својата иднина додека трае Копа Америка.