Манчестер Јунајтед изненадувачки е подготвен да го стави на продажба напаѓачот Алексис Санчез иако тоја само една година е во дресот на „ѓаволите“.
Според венсикот „Дејли Стар“, тренерот на “црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо ја загубил вербата во квалитетите на чилеанскиот фудбалер и е подготвен да се откаже од него доколку некој понуди соодветна цена веќе во јануари.
29-годишниот напаѓач се пресели во Манчестер минатиот јануари. Во пет натпревари оваа сезона во Премиер Лигата, се уште нема постигнато гол, а има само една асистенција.