Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди голема сума на пари за искусниот дефанзивен играч за врска на Реал Мадрид, Касемиро.
„Црвените ѓаволи“ размислуваат да го купат Бразилецот за 50 милиони фунти, сума која би била прифатлива и за „кралскиот клуб“.
Јунајтед не можеше да се договори за условите со играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, а Касемиро се гледа како алтернатива за неуспешниот трансфер. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег лично посакал да се направи боди за ангажман на 30-годишен играч на Реал.