Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го привлече одбранбениот играч Хари Мекгваер од Лестер Сити, соопштува „”Дејли Меил”.
Од „Олд Трафорд” подготвуваат подобрена понуда за 25-годишниот англиски репрезентативец во вредност од 65 милиони фунти, откако првиот предлог од 50 милиони фунти беше одбиен.
Според изданието ако двете страни стигнат до договор, Манчестер Јунајтед ќе мора да продаде еден од тројцата дефанзивци Маркос Рохо, Ерик Бејли или Крис Смолинг, за да го финансира договорот.
Во исто време Лестер сака да го задржи Мекгваер во составот, а од управата на клубот се подготвени да му понудат нов договор со зголемување на платата до 75 илјади фунти неделно.