Манчестер Јунајтед продолжува да му плаќа на напаѓачот Мејсон Гринвуд и покрај наводите за насилство, пишува „Дејли Меил“.
Според изворот, играчот сепак добива плата од 75.000 фунти (нешто повеќе од 89.000 евра) неделно. Од друга страна компанијата „Најк“, која го спонзорира спортистот, го раскина договорот со Гринвуд без да му плати компензација. Ова се должи на штетата што фудбалерот ја нанел на угледот на компанијата.
Да потсетиме дека 20-годишниот играч доби обвиненија за насилство. Ова го соопшти девојката на фудбалерот Хариет Робсон. Манчестер Јунајтед го суспендираше Гринвуд од натпревари и тренинзи поради обвинувањата против него, а полицијата го уапси. Фудбалерот помина три дена во притвор, по што беше пуштен со кауција.