Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да го разреши менаџерот Жозе Мурињо овој викенд, и покрај најавите дека Португалецот добил ултиматум пред дуелот со Њукасл. Англиските медиуми пренесуваат дека извори од клубот ја потврдуваат решеноста на раководството да му даде шанса на Мурињо да продолжи да го води клубот.
Се чини дека нема ништо вистинито во верзијата дека Мурињо ќе биде отпуштен во недела, без разлика на резултатот од последниот дуел со Њукасл. На денешниот домешен меч тимот на Манчестер Ј. влегува со серија од 4 меча без победа, нешто што не се случило никогаш во богатата кариера на Португалецот.