Манчестер Јунајтед ќе го подели надоместокот за трансфер на Кристијано Роналдо од Јувентус на пет години, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.
Манчестер Јунајтед има обврска да му плати на Јувентус 15 милиони евра за да го ангажира Кристијано Роналдо, но во рок од пет години. Исплатата ќе биде поделена на пет транш, по 3 милиони евра секоја година до 2026 година.
Вклучени се и бонуси од 8 милиони евра. Се очекува Португалецот да ги исполни барањата за бонус од 5 милиони евра, а условите за уште 3 милиони евра се малку потешко остварливи, смета Романо.