Менаџерот на Ипсвич, Киеран Мекена наводно е во контакт со Манчестер Јунајтед за преземање на менаџерското место кај „црвените ѓаволи“ следната сезона.
Киеран Мекена се покажа како вистински гениј на теренот и го предводеше Ипсвич до две последователни промоции во англискиот фудбал, а во новата сеозна тимот ќе биде дел од англиската Премиер лига.
Според „Гардијан“, Манчестер Јунајтед му пристапил на Мекена и во моментов траат преговори околу негов ангажман. Ерик Тен Хаг скоро сигурно ќе го напушти клубот ова лето, па управата е во сериозна потрага по негов наследник.
Мекена има минато во Манчестер Јунајтед, бидејќи 38-годишниот Северно Ирец беше во клубот во неколку различни улоги.

