Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Касемиро, ќе биде претставен пред навивачите на тимот во пресрет на вечерашното дерби со Ливерпул. Сепак, Бразилецот нема да учествува на натпреварот бидејќи се уште нема работна виза.
Се очекува Касемро да го добие дресот со број 18, кој долго време му припаѓаше на легендата Пол Сколс. Бразилецот на „Олд Трафорд“ се пресели од Реал Мадрид, а за неговите услуги „црвените ѓаволи“ ќе платат близу 70 милиони фунти.
Сепак, не е јасно колку навивачи ќе има на трибините на стадионот за време на преставувањето на Касемиро. Како што е познато, навивачите на „црвените ѓаволи“ подготвуваат уште еден протест против управата на клубот и се уште не е јасно дали ќе седнат на своите места на стадионот пред почетокот на мечот.