Манчестер Јунајтед ќе биде уште еден од тимовите кои се кандидати за ангажманот на едно од најбараните имиња на трансфер пазарот, Тимо Вернер.
Германскиот голгетер најмногу се поврзуваше со Баерн Минхен, каде неговиот трансфер пропадна во текот на летото, како и Ливерпул, но сега „црвените ѓаволи“ се сериозни во тоа да се вклучат во борбата за потписот на играчот.
Солскјер во неколку наврати потврди дека на „Олд Трафорд“ ќе бараат засилувања во јануари, а приоритет се напаѓачи. Јунајтед се мачи со реализацијата во нападот уште од почетокот на сезоната по разделбата со имиња како Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, а Вернер изгледа како прифатлива алтернатива уште во јануари, особено со откупна клаузула од 30 милиони американски долари во договорот што го потпиша во текот на летото.

