Манчестер Јунајтед, конечно, како да излезе од играчката и резултатска криза и успеа да ја направи својата најдобра резултатска серија во сезоната.
Избраниците на Рубен Аморим синоќа го победија ФЦСБ во Лигата на Европа со 2:0, со што дојдоа и до третиот последователен триумф.
Претходно „црвените ѓаволи“ ги победија и Фулам (1:0) и Ренџерс (2:1).
Последен пат Манчестер Јунајтед успеал да наниже три победи по ред во мај 2024 година, а последен пат четири победи во низа клубот имаше во февруари минатата година.

