Манчестер Јунајтед ова лето ќе се обиде да го привлече Паоло Дибала.
Според весикот „Сан“, од овој клуб веќе неколку пати имаат испратено свои преставници за да го следат Дибала во живо и ги гледаат натпреварите на Јувентус за да го следат убаво 25-годишниот Аргентинец.
Италијанскиот шампион е подготвен да го продаде Дибула за 140 милиони евра. Друга опција би можела да биде размена во која ќе биде вклучен Ромелу Лукаку. Дибала исто така е интересен за уште еден тим, италијанскиот Интер.
Во текот на оваа сезона, Дибала одигра 32 натпревари за Јувентус, постигна девет гола и имаше четири асистенции.