Манчестер Јунајтед веќе има свој фаворит за тренерската функција следната сезона. По многуте имиња кои се свртеа низ медиумите, сепак, името на тренерот на холандски Ајакс, Ерик Тен Хаг е првиот избор на „црвените ѓаволи“.
Во исто време, Манчестер Јунајтед се уште нема донесено конечна одлука, затоа што разговорите со Тен Хаг се на почеток. Ако не успее планот за ангажман на Холанѓанецот, втора опција за Манчестер Ј. е Томас Тухел од Челзи.