Виктор Линделоф ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, јавуваат британските медиуми. Барселона има силен интерес за 25-годишниот дефанзивец, но управата на англискиот клуб е подготвена да му понуди на Линделоф плата од 75 илјади фунти неделно.
Менаџерот на манчестер Јунајтеда – Оле Гунар Солскјер, сака да го задржи Линделоф на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната 2024-25. Во летото 2017 година, Јунајтед плати трансфер од 31 милиони фунти на португалската Бенфика за правата на шведскиот репрезентативец.
Актуелниот договор на Виктор Линделоф со Манчестер Јунајтед истекува за две години, со опција да се продолжи за уште една. Во наредните сезони, Швеѓанецот ќе биде партнер во срцето на одбраната со новото засилување на „црвените ѓаволи“ Хари Мегуаер.