Манчестер Јунајтед може значително да го смени составот пред да се затвори летниот преоден рок. Според „ЕСПН“, клубот е подготвен да се раздели со осум играчи.
Во случај на атрактивни и поволни понуди, дефанзивците Брендон Вилијамс, Фил Џонс, Диого Далот и Алекс Телеш, играчите од средниот ред Џеси Лингард и Андреас Переира, како и напаѓачите Даниел Џејмс и Ентони Марсијал можат да го напуштат тимот. Познато е дека сопствениците на Манчестер Јунајтед се подготвени да потрошат пари од продажба на играчи за засилување на составот. Првичниот буџет за трансфери издвоен за ова лето е 100 милиони фунти (над 115 милиони евра).
Претходно, Манчестер Јунајтед го купи играчот за врска на Англија, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Според извештаите на медиумите, во наредните денови ќе се промовира и трансферот на дефанзивецот на Реал Мадрид и француската репрезентација Рафаел Варан.