Англискиот тим Манчестер Јунајтед наскоро може да го објави потписот на новиот договор со голманот Давид де Геа.
Информациите кои ги објавија англиските медиуми велат дека, нов договор со 31-годишниот шпански голман ќе биде потпишан со траење до 2025 година. Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на следната сезона.
Во сезоната 2021/2022, Де Геа прими 66 гола на 46 натпревари во сите натпреварувања и ја зачува мрежата на 10 натпревари. Шпанецот игра за Манчестер Јунајтед од 2011 година. Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на шестото место со 58 бодови и следната сезона ќе играат во Лига Европа.